Доаѓаат илјадници, натоварени во едвај издржливи бротчиња за да тргнат на сонувано патување од Либија до Италија.
Пред да стигат до пристаниште во Либија, мнозина патуваат по копно, им плаќаат на шверцери со луѓе да им го исчистат патот, повредувани се од куршуми, ножеви и од обиди да бидат регрутирани како борци.
Ограбувани се, тепани, а понекогаш и затворани за време на нивниот очајнички обид да избегаат од животот во нивните земји.
Си-Ен-Ен зборувашпе со тројца емигранти кои стигнале до Италија за тоа зошто веруваат дека сите ризици вредат.
Махмуд Шубат, градежен работник од Хомс, Сирија
Махмуд Шубат, немал друго решение освен да ги остави своите четири деца во Сирија и да побара подобар живот за сите нив во Европа.
– Ако останев во Сирија, ќе бев член на една партија или на Идил. Ќе требаше да носам оружје и да убивам луѓе. Но, не го сакам тоа. Сакам само да се грижам за моите деца, рече тој.
Шубат го напуштил домот во Хомс пред десет недели, им платил на шверцери со луѓе за да стигне до Италија, прво со автомобил преку Турција, потоа со брод од Турција до Либија. Во Либија се качил на преполн брод со околу 300 мигранти, со цел да стигнат до италијанските брегови.
На секој дел од патот, Шубат вели дека им плаќал на шверцери со луѓе кои го поврзувале со следната група која барала уште пари за да го земат со нив. Шубат вели дека не се сомнева дека шверцерите со кои контактирал во Либија биле поврзани со вооружени политички милиции.
Кога се подготвувале да испловат од Либија, тој вели дека надлежните шверцери им дозволила на банда вооружени да се качат на бродот и да ги ограбат. „Носеа маски и имаа оружје. Не претресоа еден по еден и бараа пари и злато“, вели тој.
Шабат бил еден од среќните. Неговиот брод не потонал или заринкал. Кога бродот и очајниот товар стигнале во италијански води, биле придружувани до Сицилија од италијанската морнарица.
Целото патување го чинело Шабат 7.600 долари – цело богатство за градежен работник кој вели дека сакал да заработи доволно пари за да го доведе во Европа своето семејство, кое е се уште заглавено во Сирија.
– Сакам да бидам со моето семејство. Ако успеам да најдам работа, можам да им испраќам пари. Тие немаат ништо, вели тој.
Есајас Ниске, 18-годишен студент од Сенафе, Еритреа
Есајас Ниске живее во мало гратче во Еритреа, неколку часа одалечено од границата со Етиопија. Повеќето локални мажи заминале да бараат работа во други земји. Малкумина сакаат да останат во Еритреа, вели тој. „Кога ќе завршите училиште и не продложувате понатаму со школо, веднаш сакаат да ве претворат во војник“.
Патувањето на Ниске до Европа одело преку бегалски камп во Етиопија, каде живеел шест години пред да тргне кон Либија и на сонуваното патување до Италија преку море.
Од Етиопија, Ниске одел пеш четири дена пред да фати автобус до Судан. Од таму фатил уште еден автобус до Либија каде останал речиси една година. За тоа време бил држен како затвореник со стотици други мажи во мала куќа која ја чувале „либијски војници“.
Чуварите ги терале затворениците да спијат кога тие ќе им наределе, не им дозволувале да се мијат и им давале многу малу храна, вели тој. На оние кои се осмелувале да дадат отпор им давале елктрични шокови. „Бевме 250 мажи во мала куќа. Без вода. Храната не беше доволна. Ако давате отпор, добивате електрични шокови“, вели тој.
Ниске вели дека татко му му пратил 1,800 долари кои му требале за да им плати на шверцери со луѓе за пат преку Медитеранот, од Либија до Италија. Бродот кој носел 500 луѓе ја напуштил Либија едно попладне пред три недели: не минало долго пред бродот да почне да се полни со вода.
– Патот не добар, вели Ниске. „Бродот се отвори и бевме блиску до Италија и хеликоптер дојде да ни помогне“.
Хеликоптерот бил на италијанската крајбрежна стража. Наскоро пристигнал карго брод и ги спасил сите патници.
Ниске сега сака да оди во Рим и да се види со брат му кој исто е нерегистриран емигрант без работа и пари. Сонот на тинејџерот е на крајот да стигне до Шведска.
– Италија не добра. Нема работа, нема пари, вели тој; но во Шведска, му рекол неговиот пријател, животот е добар.
Грајмај Тесфамикал,18-годишен студент христијанин од Еритреа
Грајмај Тесфамикал ја подига маицата да ја покаже лузната на грбот од куршум кој го погодил.
Осумнаесет годишниот поранешен студент вели дека патувал со група земјаци Еритрејци во два автобуси, кога биле сопрени од десет вооружени борци на Идил, на влезот во Триполи.
– Двата автобуси беа опколени и бараа кој е христијанин или муслиман. Ги одвоија муслиманите од христијаните. Тоа беа Да`еш (Идил) во Либија, вели Тесфамикал.
Вели дека борците на Идил обезглавиле 20 луѓе покрај патот; тој почнал да бега и почувствувал како куршум го погодил во грбот.
– Во Либија беше многу, многу опасно. Ако носите вакво, и го покажува крстот околу вратот „тоа значи ова“, и со раката покажува гест на отсекување глава.
Тесфамикал вели дека избегал од Еритреа пред една година за да избегне регрутирање во војска. Тргнал преку Етиопија, преку Судан пред да стигне во Либија со автобус.
Тој вели дека во Либија христијаните емигранти биле постојано тепани и не им давале храна и вода. Од тука тој избегал со брод за Италија во потрага по безбеден и подбар живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти