| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните

img20150502_134150
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот 15. партиски Конгрес во Куманово во својот отчет за сработеното во изминативе четири години, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ на дело покажало дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија.

-ВМРО-ДМПНЕ и колицијата се синоним за отворање на нови работни места, за создавање на поволна бизнис клима, за привлекување на странски, но и домашни инвестиции, за инвестирање во инфраструктурата. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за политичка партија во која граѓаните имаат доверба, која држи до збор и го реализира ветеното. ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија, порача Груевски.

Тој потенцираше дека како во изминатите четири години, така и во наредниот период развојот на економијата ќе остане еден од главните приоритети, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top