Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот на Републиак Македонија Никола Груевски, во својот говор за време на 15. Конгрес на партијата, кој во моментот се одржува во Куманово, потсети дека карактеристично за нив, во во овој четиригодишен изминат период, е што успеаја да се задржат на земја, заедно со и меѓу народот.
– Македонија дефинитивно ја вративме на народот, а не на елитите и на олигарсите. Гласот на народот не беше игнориран – подвлече Груевски.
Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.