Започна 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на кој се очекува да учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат престедател на партијата за следниот четиригодишен мандат.
Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.
Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата.
Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.
ФОТО: Република (А.Ивановски)
***Забрането преземање на фотографии без претходна дозвола од Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст