| четврток, 6 декември 2018 |

Четири пати повеќе инвестиции во Хрватска

evraСпоред прелиминарните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ), директните странски вложувања во Хрватска во 2014 година изнесувале 2,9 милијарди евра, односно четири пати повеќе отколку во 2013 година.

Вложениот износ се изедначува со инвестициите пред почетокот на рецесијата во таа земја, пишува „Вечерњи лист“.

Според извештајот на Агенцијата за инвестиции, во прилог на значајното зголемување странски вложувања зборува и податокот за повеќе од 150 големи инвестициски проекти кои активно ги следи Агенцијата, а кои се во различни фази на реализација.

Вкупната проценета вредност на тие проекти е околу седум милијарди евра, а по завршувањето на инвестициите ќе резултираат со отворање на повеќе од 18 илјади нови работни места.

Најмногу инвестиции се однесуваат на индустриското производство и туризмот, кои претставуваат 60 отсто од инвестициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top