| четврток, 6 декември 2018 |

Италија на пензионерите ќе им враќа најмалку пет милијарди евра

italijaniИталијанската влада ќе мора на пензионерите да им врати најмалку пет милијарди евра. Уставен суд ја укина одредбата според која пензиите поголеми од 1400 евра не се зголемуваат со растот на инфлацијата, што значи дека Владата ќе мора да им ги ја надомести штетата.

Во декември 2011 година, кога земјата беше под голем притисок поради јавниот долг, владата на Марио Монти воведе драконски мерки на штедење, меѓу кои и реформата на пензискиот систем, според која пензиите се пресметуваат врз основа на целиот работен стаж, а не само во последните години, кога заработувачката е најголема. Исто така, за пензиите поголеми од 1400 евра месечно, укинато е зголемувањето согласно растот на инфлацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top