| четврток, 6 декември 2018 |

Суви смокви и маслиново масло против бактерии во желудник

stomak-bolka

Многу луѓе имаат бактерии во желудникот, а тие можат да предизвикаат разни болести и многу тешко се лекуваат. Овој одличен природен лек ќе ви помогне да се ослободите од овие мали натрапници. Смокви во маслиново масло се најдобар лек за бактерии во желудникот. Во тегла ставете суви смокви, потоа прелијте ги со домашно нерафинирано маслиново масло. Смоквите можат да се исечат на четири дела. Треба да отстојат барем 40 дена.

Секое утро на празен желудник јадете по една смоква со по едно лажиче маслиново масло во кое стоеле смоквите. Јадете исклучиво готвени јадења, без многу зачини, особено лути. Немојте да јадете кисело, избегнувајте и мрсно месо, како и сувомеснати производи. Гответе со маслиново масло, кое треба да биде нерафинирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top