| четврток, 6 декември 2018 |

Шест полицајци во Балтимор заработија кривични за смртта на Фреди Греј

baltimor3

Обвинителството од Балтимор најави кривични пријави против сите шест полициски службеници, кои беа суспендирани откако 25-годишниот Афроамериканец Фреди Греј почина додека беше во притвор.

Смртта на Греј предизвика бран насилни протести и немири во Балтимор, кои потоа се  проширија и на Филаделфија.

Правобранителот на Балтимор Марлин Мосби изјави дека смртта на Греј била убиство. Според неа, апсењето на Греј било нелегално и третманот врз него во притворот резултирал со убиство.

Греј починал од повреди на `рбетот откако беше уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top