– Како во старите добри времиња на Дојранското крајбрежје за празничниот викенд престојуваат над 15.000 туристи, поголемиот број од земјата, еднодневни туристи од Грција и викенд гости од Србија кои од година во година ги има се повеќе. Расположливите капацитети во Стар Дојран се целосно распродадени, па туристите во потрага за сместување се враќаат во Нов Дојран и во околните населени места – изјави Перо Митаноски, раководител на туристичкото биро во Дојран.
Во согласност со мерките и активностите за одржување и заштита на градското зеленило, општина Дојран и јавното комунално претпријатие ќе преземаат активности за превентивно дејствување за заштита од пожари на отворен простор за време на празникот. Тие апелираа до посетителите да се воздржат од палење оган и фрлање отпадоци и најавија парични санкции за прекршителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод