Алкохолните пијалоци од денеска во трговските објекти ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19.
Според законските одредби, продолженото време на продажба важи од први мај до крајот на септември.
Забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетници и понатаму останува.
За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност и парична казна до 5.000 евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.