Во паркот Шопен, во општина Кисела Вода, граѓаните можеа да го проверат својот стаж, податоците за платените придонеси, платите и други податоци. Само со лична карта, преку непосредна комуникација со вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување, Министерството за труд и социјална политика, како институции кои во соработка со општина Кисела Вода го реализираа проектот „Ден за вас”, над 200 граѓани добија документ за стаж и одговори на други прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување.
Трајко Пренчески, помошник директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, истакна дека преку проектот „Ден за вас“ и соработката на институциите, осигурениците ќе можат да добијат увид за тоа дали стажот им е регулиран, евидентиран и дали имаат стаж кој што им недостасува во прегледот.
Посочи дека доколку осигурениците по увидот што ќе го направат на својот стаж, утврдат дека им недостасуваат одредени периоди на стаж, ќе можат да се обратат до филијалите на Фондот каде по службена должност ќе им бидат средени податоците во матичната евиденција.
Целта на проектот „Ден за вас”, е да се доближат овие институции до граѓаните и тие да добијат информации и одговори на сите прашања поврзани со оваа проблематика, како и да се заштитат нивните права како осигуреници. Проектот ќе продолжи да се реализира и во останатите општини во Град Скопје, а акцијата ќе тече според утврдениот концепт и динамика. Минатата година оваа акција беше спроведена во сите поголеми градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тарчуловски: Расадник и Драчево ќе добијат нови градинки
-
Проекти за потребите на родителите: Нови градинки за Расадник и Драчево, продолжен престој во училиштата
-
Општина Кисела Вода со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства
-
Почнува реконструкцијата на ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода