Државната матура ќе се полага по стариот концепт, а останува и екстерното тестирање, ова е финалниот став на Владата искажан на денешната средба помеѓу средношколците и министерството за образование.
Вицепремиерот Владимир Пешевски потврди дека конечна е одлуката матурскиот испит и годинава да се полага според стариот концепт, без задолжителна математика и без електронсско тестирање. Понатаму, пак, ќе се формираат работни групи на сите засегнати страни, за да се бара прифатлив концепт за сите.
– Екстерното тестирање останува како и досега, со одлука и за овој концепт во иднина да се формираат работни групи – изјави Пешевски.
Од Средношколскиот пленум рекоа дека ќе продолжат со активностите што ќе ја потврдат нивната решеност да не отстапат од нивните барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст