Апелациониот суд ја потврди осум годишната затворската казна за Борче Иванов (28), еден од двајцата разбојници кои влегоа во куќата на дедо Љубе и го нападнаа него и неговата сопруга.
Другиот разбојник беше убиен од дедо Љубе, за што во тек е судски процес. Пред извесно време судот донесе одлука за одложување на главната расправа за овој случај. Предметот по приговор на одбраната се враќа во фаза на истрага со цел точно да се утврди што се случило критичната ноќ кога старецот и неговата сопруга биле нападнати во нивниот дом во селото, од што зависи и квалификацијата на кривичните дела што му се ставаат на товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



