| четврток, 6 декември 2018 |

Загина тракторист кај штипското село Шашаварлија

трактор

На локалниот пат кон штипското село Шашаварлија попладнево загина 59 годишниот Марјан А. Несреќата се случила откако од засега непознати причини се првретел тракторот со кој управувал.

Жителите од Шашварлија кои сакале да го извлечат Марјан, кој бил под тракторската гума велат дека бил жив додека го спасувале.

Од штипската Брза помош кои интервенирале веднаш велат дека 59 годишнниот маж од тешките повреди кои ги здобил во пределот на стомакот починал на пат кон болницата.

Во извлекувањето на починатитот и на неговиот трактор учествуваа и пожарникарите од штипската Протвпожарна единица.

Во текот на април ова е втора несреќа во Штип, а животите ги загубија две лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top