| четврток, 6 декември 2018 |

Китаровиќ: Не е ставена точка на процесот на проширување на ЕУ

колинда

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска по средбата со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер дека Хрватска поддржува политика на проширување на ЕУ и дека на тоа не е ставена точка, но процесот за членство бара време.

– За време на разговорите ја разјаснивме изјавата на Јункер која често се коментира во ЈИЕ за тоа дека нема да има проширување во следните пет години – изјави Грабар-Китаровиќ.

Таа одаде дека проширувањето е „чисто техничко прашање“ и на него не е ставена точка.

Хрватската претсеателка вели дека проширувањето ќе продолжи врз основа на напредок на секоја держава во исполнувањето на критериумите за членство, но станува збор за процес кој бара време.

– Хрватска на соседите ќе им даде помош која ја бараат и која им е потребна, како техничка така и политичка – истакна таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top