| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Поп-Димитрова: Луѓето не сакаат да се движат

Се­којд­нев­но ра­бо­там со па­ци­ен­ти и са­мо 10 до 20 про­цен­ти од нив има­ат го­ле­ма жел­ба да се ко­ри­ги­ра­ат и да би­дат фи­зич­ки актив­ни. Дру­ги­те сме­та­ат де­ка са­мо фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја им е до­вол­на. Таа тре­ба да ги пот­тик­не, да ги разд­ви­жи, да им по­мог­не, но фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја не мо­же да на­ме­сти ди­скус хер­ни­ја, сме­та д-р Ири­на Поп-Ди­ми­тро­ва - Ми­трев­ска

Де­ца сед­на­ти пред комп­ју­тер по цел ден, игра­ат игри на таб­лет или на мо­би­лен те­ле­фон, со искри­вен ’рбет сле­дат ча­со­ви на учи­ли­ште, фи­зич­ки се не­а­ктив­ни и се со зго­ле­ме­на те­лес­на те­жи­на. Се­во ова ре­зул­ти­ра со мрз­ли­ва на­ци­ја, ко­ја сѐ по­мал­ку се дви­жи, а има сѐ по­ве­ќе проб­ле­ми со ло­ко­мо­тор­ни­от апа­рат. Бол­ки во гр­бот, во ко­ле­на­та, кол­ко­ви­те, ди­скус хер­ни­ја, осте­о­по­ро­за се нај­че­сти­те проб­ле­ми со кои се сре­ќа­ва­ат фи­зи­ја­три­те во сво­ја­та пра­кти­ка. Искус­тво­то на д-р Ири­на Поп-Ди­ми­тро­ва – Ми­трев­ска, спе­ци­ја­лист по фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на и ме­ди­цин­ска ре­ха­би­ли­та­ци­ја во „Про­ме­ди­ка ме­ди­кал цен­тар“ ве­ли де­ка овие проб­ле­ми се ре­зул­тат на де­неш­но­то вре­ме и на де­неш­ни­от на­чин и стил на жи­ве­е­ње. Проб­ле­мот со ’рбе­тот го има­ат си­те уште од нај­ра­на во­зраст.

 

Што е фи­зи­ја­тар и со што се за­ни­ма­ва фи­зи­ја­три­ја­та ка­ко спе­ци­ја­ли­стич­ка и супс­пе­ци­ја­ли­стич­ка гран­ка од ме­ди­ци­на­та?
ПОП-ДИМИТРОВА: Фи­зи­ја­тар е ле­кар спе­ци­ја­лист по фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на. Не­го­во по­ле на спе­ци­ја­ли­за­ци­ја е фи­зи­кал­на­та ме­ди­ци­на и ре­ха­би­ли­та­ци­ја­та и се за­ни­ма­ва со пре­ве­ни­ра­ње, те­ра­пи­ја и со спре­чу­ва­ње проб­ле­ми, од­нос­но сѐ што вле­гу­ва во ло­ко­мо­тор­ни­от апа­рат со­ста­вен од ко­ски, му­ску­ли, нер­ви и од згло­бо­ви. Че­сто се ме­ша­ат фи­зи­ја­три­те и фи­зе­о­те­ра­пе­вти­те. Фи­зи­ја­та­рот е ле­кар со спе­ци­ја­ли­за­ци­ја по фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на, а фи­зи­о­те­ра­пе­вти­те се со сред­но ме­ди­цин­ско учи­ли­ште или ви­со­ка шко­ла и се, исто та­ка, еду­ци­ра­ни. Фи­зи­ја­та­рот ја пре­по­ра­чу­ва те­ра­пи­ја­та, фи­зи­о­те­ра­пе­втот ја спро­ве­ду­ва спо­ред про­то­ко­ли­те пре­пи­ша­ни од фи­зи­ја­та­рот. По­ле­то на ра­бо­та на фи­зи­ја­та­рот е ши­ро­ко – ние тре­ти­ра­ме за­бо­лу­ва­ња од ло­ко­мо­то­рен си­стем, не­вро­ло­шки за­бо­лу­ва­ња, мо­зоч­ни уда­ри, пер­и­фер­ни по­вре­ди, тра­у­ми, со­о­бра­ќај­ни не­сре­ќи, хро­нич­ни нерв­ни за­бо­лу­ва­ња ка­ко Пар­кин­со­но­ва бо­лест, мул­тип­лекс скле­ро­за. По­кри­ва­ме дел од ор­то­пе­ди­ја, тра­у­ма­то­ло­ги­ја, не­вро­ло­ги­ја, дет­ска хи­рур­ги­ја, рев­ма­то­ло­ги­ја, кар­ди­о­ва­ску­лар­ни за­бо­лу­ва­ња, од­нос­но тре­ти­ра­ме по­стин­фаркт­ни со­стој­би, арит­мии и нав­ле­гу­ва­ме во ин­тер­ни­стич­ки­от дел, тоа зна­чи рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња.

dr-Irina-Pop-Dimitrova-3

Кои се нај­че­сти­те за­бо­лу­ва­ња на ло­ко­мо­тор­ни­от апа­рат со­ста­вен од ко­ски­те, му­ску­ли­те и од згло­бо­ви­те (те­ти­ви­те и ли­га­мен­ти­те)?
ПОП-ДИМИТРОВА: Нај­го­лем проб­лем што јас би го изд­во­и­ла и изо­ли­ра­ла е ’рбет­ни­от столб. Тоа го по­ка­жу­ва мо­е­то искус­тво, а е ре­зул­тат на де­неш­но­то вре­ме и на де­неш­ни­от на­чин и стил на жи­ве­е­ње. Проб­ле­мот со ’рбе­тот го има­ат си­те уште од нај­ра­на во­зраст. ’Рбет­ни­от столб би го опи­ша­ла ка­ко ед­но дрв­це на кое е за­ка­че­на це­ла­та те­жи­на. За­мис­ле­те ка­ков и кол­кав то­вар по­сто­ја­но но­си на се­бе тој ’рбет? Мно­гу е важ­но ка­ко рас­тат де­ца­та, ка­кви на­ви­ки има­ат, де­бе­ли­на­та. Ко­ре­ни­те на проб­ле­мот, спо­ред ме­не, се во ра­но­то дет­ство, а по­доц­на се реф­ле­кти­ра­ат со па­сив­но се­де­ње, фи­зич­ка не­а­ктив­ност, ин­ди­фе­рент­ност кон сво­е­то те­ло и тоа по­тоа да­ва не­га­ти­вен ре­зул­тат. Тие про­ме­ни, ако уште во нај­ра­на во­зраст не се спре­чат, во по­доц­неж­ни го­ди­ни ќе се реф­ле­кти­ра­ат со осте­о­по­ро­за. Ме­ре­ња­та по­ка­жа­ле де­ка де­ца­та што се фи­зич­ки актив­ни не­ма да раз­ви­јат осте­о­по­ро­за. Таа се ја­ву­ва кај лу­ѓе­то што се фи­зич­ки не­а­ктив­ни. От­ту­ка по­тек­ну­ва нај­го­ле­ми­от и нај­се­ри­о­зен проб­лем што си­те нѐ за­се­га. Де­нес За­па­дот поч­на да пре­зе­ма мер­ки и ед­на на­у­ка ја мо­ди­фи­ку­ва и ја на­ре­че ер­го­но­ми­ја. По­стои пле­ја­да од ис­пи­ту­ва­ња и на­уч­но до­ка­жа­ни твр­де­ња, кои ни ка­жу­ва­ат ка­ко тре­ба да се од­не­су­ва­ме со на­ше­то те­ло, ка­ко да се дви­жи­ме, спи­е­ме, се­ди­ме, ка­ко да се на­ве­де­ме пред да по­диг­не­ме не­што те­шко. Исто та­ка, важ­на е ге­не­ти­ка­та, но не зна­чи де­ка ако ва­ша­та мај­ка има осте­о­по­ро­за и вие ќе ја има­те. Ве­ро­јат­но­ста е по­го­ле­ма, но ако на­вре­ме пре­зе­ме­те мер­ки, по­ве­ро­јат­но е де­ка не­ма да има­те осте­о­по­ро­за во по­доц­неж­ни­те го­ди­ни.

 

Кои се глав­ни при­чи­ни за овие за­бо­лу­ва­ња?
ПОП-ДИМИТРОВА: Сти­лот на жи­вот, фи­зич­ка­та не­а­ктив­ност. Нај­страш­но е што по­стои па­сив­ност, лу­ѓе­то не са­ка­ат да се дви­жат. Се­којд­нев­но ра­бо­там со па­ци­ен­ти и са­мо 10 до 20 про­цен­ти од нив има­ат го­ле­ма жел­ба да се ко­ри­ги­ра­ат и да би­дат фи­зич­ки актив­ни. Дру­ги­те сме­та­ат де­ка са­мо фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја им е до­вол­на. Таа тре­ба да ги пот­тик­не, да ги разд­ви­жи, да по­мог­не, но фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја не мо­же да на­ме­сти ди­скус хер­ни­ја. Фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја е со­фи­сти­ци­ра­на на­у­ка, ко­ја има про­гре­сив­но дејс­тво. Ги еду­ци­ра­ме па­ци­ен­ти­те ка­ко да веж­ба­ат, ка­ко да се дви­жат, да­ва­ме со­ве­ти за те­жи­на­та и го пу­шта­ме па­ци­ен­тот еду­ци­ран да знае што да пра­ви по­на­та­му, ка­ко да се за­шти­ти. Кај мал број па­ци­ен­ти има­ме по­врат­на ин­фор­ма­ци­ја. Та­му ка­де што ја има, ре­зул­та­тот е очиг­ле­ден. Ние не сме ма­ги­о­ни­ча­ри. На­ши­от ус­пех во фи­зи­кал­на­та ме­ди­ци­на е да го за­пре­ме вло­шу­ва­ње­то на со­стој­ба­та.

dr-Irina-Pop-Dimitrova-2

Кол­ка­во вли­ја­ние има­ат комп­ју­те­ри­за­ци­ја­та на оп­штес­тво­то, не­до­вол­на­та фи­зич­ка актив­ност, ло­ша­та ис­хра­на и пре­ку­мер­на­та те­лес­на те­жи­на во по­ја­ва­та на бо­ле­сти­те, или по­вре­ди­те на ко­ске­но-му­скул­но-зглоб­ни­от си­стем?
ПОП-ДИМИТРОВА: Тоа се нај­те­шки­те фа­кто­ри на ри­зик. Си­те овие се фа­кто­ри на ри­зик и по­ра­но или по­доц­на ќе соз­да­дат ус­ло­ви да се раз­вие не­кое дег­не­ра­тив­но за­бо­лу­ва­ње. Ќе стра­да­ат згло­бо­ви, ли­га­мен­ти, те­ти­ви, ’рска­ви­ци, по­тоа и ’рбет, колк, ко­ле­но. Искус­тво­то по­ка­жу­ва де­ка по­стои ин­ди­фе­рент­ност кај ро­ди­те­ли­те врз раз­во­јот на де­ца­та. По­ра­но се рас­те­ше со игра­ње ла­стик, топ­ка, џам­лии, се тр­ча­ше. Де­нес де­ца­та не из­ле­гу­ва­ат над­вор. Не игра­ат. Ко­ре­нот на проб­ле­мот кај де­ца­та го гле­дам во об­вр­ски­те на ро­ди­те­ли­те. Де­нес де­ца­та се пре­пу­ште­ни са­ми на се­бе. Не се кон­тро­ли­ра­ни од ро­ди­те­ли­те. Нај­лес­но е да се вклу­чи комп­ју­тер, те­ле­фон, таб­лет и да се по­ми­не вре­ме­то играј­ќи игри до бе­скрај. Ро­ди­те­лот е сре­ќен де­ка не­ма об­вр­ски, де­те­то е среќ­но де­ка игра игри, а се­то тоа е тра­гич­но. Но­во­то вре­ме до­не­се нов тренд на жи­ве­е­ње, по­ве­ќе ча­со­ви се ми­ну­ва­ат на ра­бо­та, а де­ца­та се за­по­ста­ве­ни. Ро­ди­те­лот тре­ба да обр­не вни­ма­ние тие да се фи­зич­ки актив­ни, да се за­ни­ма­ва­ат со спорт, да игра­ат над­вор. Де­те не смее да се­ди пред комп­ју­тер по­ве­ќе од 45 ми­ну­ти, спо­ред ер­го­ном­ски­те про­то­ко­ли. Што мо­же да оче­ку­ва­ме, ко­га ма­ли де­ца, од две-три го­ди­ни ги гле­да­ме ка­ко игра­ат на мо­бил­ни те­ле­фо­ни или на таб­ле­ти? За­тоа е мно­гу ва­жен од­но­сот на ро­ди­те­ли­те. Ло­ши­те по­лож­би, дол­ги­те се­де­ња, не­пра­вил­ни­те по­лож­би при се­де­ње, при спи­е­ње. Мно­гу е важ­но и на ка­ков ду­шек се спие, на ка­ква пер­ни­ца, на ка­кво стол­че се се­ди. Ни­ко­гаш не е еден фа­ктор, се­ко­гаш ста­ну­ва збор за по­ве­ќе фа­кто­ри. Тоа се ге­не­ти­ка, не­а­ктив­ност, ло­шо др­же­ње на те­ло­то. Не­о­дам­на пра­вев­ме истра­жу­ва­ње во ед­но ос­нов­но учи­ли­ште ка­де што беа оп­фа­те­ни уче­ни­ци од пет­то до де­вет­то од­де­ле­ние. Кај уче­ни­ци­те ка­де што има­ше от­ста­пу­ва­ња ис­пра­тив­ме до­пис до ро­ди­те­ли­те. Од­ѕи­вот бе­ше по­ра­зи­те­лен – са­мо пет про­цен­ти од ро­ди­те­ли­те се ја­ви­ја и се за­ин­те­ре­си­раа. Ка­ко то­гаш са­ка­ме да има­ме мла­ди, здра­ви и ви­тал­ни ге­не­ра­ции. Не знам ка­де ќе нѐ од­не­се се­во ова. Све­ста ни е на мно­гу ни­ско ни­во. Де­ца­та тре­ба да ја­дат из­ба­лан­си­ра­на хра­на, бо­га­та со овош­је и со зе­лен­чук и се­то тоа што ќе го изе­дат тре­ба да го по­тро­шат.

 

Ка­ква е ди­јаг­но­сти­ка­та и ле­ку­ва­ње­то на за­бо­лу­ва­ња­та и на по­вре­ди­те на ко­ски­те, му­ску­ли­те и на згло­бо­ви­те?
ПОП-ДИМИТРОВА: Не тре­ба да се пот­це­ну­ва ни­ту ед­на по­вре­да. Се­ко­ја по­вре­да оста­ва пос­ле­ди­ца. Не мо­ра вед­наш да се бр­за на ренд­ген, до­вол­но е и со­вет со ма­ти­чен ле­кар, па тој ќе про­це­ни што тре­ба да се на­пра­ви.

 

Што е ме­те­о­па­ти­ја, мит или факт? Да­ли и ка­ко вре­мен­ски­те про­ме­ни вли­ја­ат на ло­ко­мо­тор­ни­от си­стем кај лу­ѓе­то?
ПОП-ДИМИТРОВА: Ме­то­па­ти­ја­та е факт. Мно­гу че­сто лу­ѓе­то сиг­на­ли­зи­ра­ат про­ме­ни на вре­мен­ски­те ус­ло­ви. Нај­че­сто тоа го сиг­на­ли­зи­ра­ат па­ци­ен­ти што има­ат прет­ход­на по­вре­да. Тоа не е слу­чај­но. По из­ве­сен број го­ди­ни тие чув­ству­ва­ат бол­ка на ме­сто­то на по­вре­да­та. Тки­во­то око­лу скр­ше­на ко­ска, исто та­ка, стра­да и овие по­вре­ди не по­ми­ну­ва­ат не­за­бе­ле­жа­но. Нај­че­сто тоа се хро­нич­но на­пред­на­ти де­ге­не­ра­тив­ни про­ме­ни во ко­ле­на­та или во кол­ко­ви­те. Тоа се не­кои сиг­на­ли, кои лу­ѓе­то ги чув­ству­ва­ат. И ге­не­ти­ка­та, исто та­ка, има вли­ја­ние.

 

Све­до­ци сме на го­ле­ми тем­пе­ра­тур­ни раз­ли­ки во пос­лед­ни­те не­де­ли. Ка­ко тоа го под­не­су­ва­ат хро­нич­но бол­ни­те?
ПОП-ДИМИТРОВА: Кај кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­те бо­ле­сти по­себ­но се чув­ству­ва­ат тем­пе­ра­тур­ни­те раз­ли­ки пре­ку по­ка­чу­ва­ње на крв­ни­от при­ти­сок, проб­ле­ми со цир­ку­ла­ци­ја­та и слич­но. Во фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја не сме­ат да се пра­ват те­ра­пии ако па­ци­ен­тот дој­де со по­ка­чен кр­вен при­ти­сок. Фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја е мно­гу по­вр­за­на со вре­ме­то. Нај­до­бро вре­ме за те­ра­пии е про­лет и есен.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска | Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
Текст објавен во 138. број на неделникот „Република“, 24.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top