Вчера околу 13,30 часот на влезот во велешкото с. Лисиче, 23-годишниот В.Т. (23) од Скопје со пиштол испукал еден куршум во воздух по што го напуштил местото на настанот. На ова му предводела расправија поради недавање на предност во сообраќај скопјанецот, кој се движел со возило и Д.Д. (38) од Велес кој изведувал градежни работи на патот.
В.Т. е приведен и по целосното расчистување ќе следува соодветен поднесок.
Неодамна поради расправија околу сообраќајот 21-годишно момче уби човек кај село Љуботен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.