| четврток, 6 декември 2018 |

За празниците учесниците во сообраќајот да се однесуваат одговорно

возач

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод претстојните празници апелира до учесниците во сообраќајот за совесно и одговорно однесување.

Од РСБСП ги потсетуваат возачите, пред тргнување на пат, задолжително да ја проверат техничката исправност на своите возила.

– Консумирањето на алкохол и управувањето со возило е неразумна постапка, која во најдобар случај ќе ве чини парична казна и времено одземање на возачката дозвола од страна на сообраќајната полиција, а во најлош може да ве чини живот. Заради зголемената фреквенција на сообраќај, особено внимание обратете на почитување на ограничувањето на брзината и на целосната концетрација на патот и сообраќајот. Бидете стрпливи на граничните премини и патарините, и обратете особено внимание на делниците на патиштата на кои се одвиваат градежни работи. Информирајте се добро за состојбата на делницата по која ќе патувате – велат од РСБСП.

Мотоциклистите на почетокот на новата сезона ги потсетуваат да се потсетат на сообраќајните правила и прописи, особено на ограничувањето на брзината и без кацига да не седнуваат на мотор, а доколку возат совозач, да обезбедат кацига и за него.

Од РСБСП апелираат до пешаците и велосипедистите, како најранливи учесници во сообраќајот, да внимаваат и совесно да се однесуваат, бидејќи токму тие се најбројните жртви во сообраќајните несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top