| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколни жештини нè очекуваат идната недела

метео

Иако сè уште е рано да се каже со сигурност за тоа колкава температура нè очекуваат следната недела, според прогнозите на хрватските метеоролози, во Македонија се очекуваат температури до 33 Целзиусови степени, а на истокот на хрватска следната недела и температури од околу 35 Целзиусови степени!

-Според прогнозите, на истокот од Хрватска кон средината на следната недела температурата ќе се движи до 35 Целзиусови степени, во делови на Србија до 38 Целзиусови степени,  а во Тунис до 40 Целзиусови степени… Едно е сигурно: следната недела предвреме ни доаѓа „Африка пиперка“ – напиша „Крометео“ на својата „Фејсбук“!
На метеоролошката мапа може да се забележи дека жешкиот бран ќе ја опфати Македонија со температура до 33 Целзиусов степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top