Во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство составен од 11 угледни членови – универзитетски професори, раководители на институциите за заштита и експерти од оваа област од ресорното министерство.
Претседател на овој совет по функција е министерката Елизабета Канческа-Милевска, која од објективни причини не беше присутна на првата конститутивна седница, а по нејзино овластување, неа ја водеше државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи.
На првата седница на новиот состав на Националниот совет, точка на дневниот ред беше и Предлог-законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, Закон за кој по водената дебата беа предложени измени и дополнувања кои беа пресретнати со позитивно мислење.
На оваа седница уште еднаш беше нагласена потребата за вклучување нови кадри во институциите за заштита на културното наследство за кои има насушна потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст