| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски и Наумовски, подалеку од екраните

Македонија сериозно треба да размисли да им врачи благодарници на пријателите Никола Наумовски и Андреј Жерновски, кои нештедејќи се, дадоа придонес во давањето пример за влијанието на медиумите.

zernovski naumovski

Наумовски е најнов доказ за нивното лош влијание. Самиот признава дека од распеано скопјанче го направиле насилник. Апелираме до братучетката Шекеринска да се заземе со сестринска грижливост, Наумовски да батали вести и, покрај групната терапија, да се врати на мјузиклите. Музиката ќе му ги смири нервите, па наместо да удира, може да заигра. А и кариерата секако му е подобра, дури и на Сител го пуштија во спот.

kontrola 2

Жерновски, пак, е сериозен кандидат да ја понесе овогодинешната награда „Ванковска на годината“, откако се залета на референдум исто како професорката во претседателските избори. Притоа, на Секуловска и се довери дека се сомнева дека можеби жителите на Центар не знаеле што значи зборот „Автентично“, па затоа не излегле на референдум. Сега дознаа. И сигурно на следните избори ќе си гласаат за нов градоначалник, автентичен, наместо за актуелната лоша копија на претседателот на СДСМ.

zernovski

Петел Бодичек


***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top