Четириесет и пет годишен скопјанец вечерва го загубил животот откако на него налетало возило кое го расчистувало снегот на локалниот пат од Маврово до Галичник, објави Телеграф.
Според неофицијалните информации, станува збор за извесен Г.Т. од Скопје кој најверојатно бил ангажиран како помошник. На него при движење наназад удрила и го прегазила со тркалата работната машина „зил“ која го расчистувала патот од снег кај месноста Царевец.
Возачот на машината е задржан за разговор.
Полицијата, Јавен обвинител и екипа на крим техника вршат увид на местото на настанот, по што ќе се знаат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


