| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвора Музеј на историјата на нацизмот во Минхен

Нов музеј посветен на историјата на нацистичкото движење ќе биде отворен во четврток во Минхен, движење за кое се смета дека е родено во пивниците во овој германски град.

Минхенскиот центар за документирање на историјата на националсоцијализмот ќе го следи подемот на нацистичката партија од основањето во главниот град на Баварија во 1920 година, една година откако Адолф Хитлер стана нејзин лидер.

Германската министерка за култура Моника Грутерс го пофали градот што се позанимавал, како што рекла, со долго потиснатата конфронтација со специјалната улога на Минхен.

Министерката додаде дека напорите на Германија да го преиспита своето минато, вклучувајќи ја и Втората светска војна и убиството на милиони луѓе за кои нацистите процениле дека не се вредни да живеат, станува се потешко бидејќи сведоците на историјата умираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top