Европратениците бараат од Европската комисија да почне веднаш со работа околу нова стратегија со цел да им се помогне на владите на земјите-членки да се соочат со негативните последици од алкохолизмот, јавува дописникот на МИА.
Во усвоената резолуција се бара да се изврши подобро собирање на податоците, подобрување на превенцијата и третманот, намалување на несреќите кои се поврзани со сообраќајот и алкохолот, алкохолот и бременоста.
Од Европската комисија се бара да процени дали обврската да им се даваат информации на потрошувачите за составот и хранливата вредност треба да се применува и за алкохолните пијалоци.
Односно се бара содржината на калории во алкохолните пијалаци да биде јасно назначена и во таа насока Комисијата треба да поднесе предлог-директива во 2016 година.
Европратениците посебно се залагаат за заштитата на младите, со засилување на законската регулатива за ограничување на старосната граница за консумирање алкохол и за превентиви кампањи, како и специјални мерки за забрана на продажба на ефтин алкохол.
Според податоците, злоупотребата на алкохолот е втората причина за заболување во некои од државите-членки на ЕУ. Исто така, се вели дека зависноста од алкохол е ризичен фактор за над 60 хронични заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот



