Зачинете го својот љубовен живот на едноставен начин – откријте го афродизијакот на вашиот партнер и во прва прилика искористете го.
Овен
Овните не ја обожаваат предиграта и сакаат веднаш да преминат на главното. Тие сакаат секси облека која можат буквално да ја искинат од телото на партнерот. Не бираат место и време за задоволување на потребите, а сакаат страствен секс на брзина. Од партнерот очекуваат да биде креативен и да им дозволи да доминираат. Нивен афродизијак е ѓумбирот.
Бик
Биковите имаат изострени сетила. Најважен им е амбиентот, па затоа обожаваат свилена постелнина, секс во џакузи или некоја друга жешка просторија. За време на предиграта сакаат да консумираат и храна и пијалак, а најмногу ги стимулира медот. Слатките со мед се совршен додаток во предиграта, а пожелно е и во позадина да свири музика.
Близнаци
Близнаците сакаат да експериментираат и да водат љубов на необични места. Нив ги стимулира порнографијата, но и секси играчките. Ги возбудуваат разговорите на тема секс, а сакаат и по некоја валкана приказна. За нив не постои табу тема. Сакаат негувани и вешти раце, а нивен афродизијак е циметот.
Рак
Раковите на прв поглед се срамежливи, а всушност се многу сензуални. Предиграта им е поважна од сексот. Сакаат секси долна облека и тивка музика. Најпријатно се чувствуваат во познат амбиент и не сакаат вулгарност или грубост. Ги возбудува масажа со ароматични масла, а остригите се тајната состојка за будење на нивните страсти.
Лав
За Лавот најважна е визуелната стимулација и затоа мора да има атрактивен партнер. Тој сака кога има гласен секс и сака да се гледа во огледало, понекогаш дури и да се снима. За него не постои поголем афродизијак од комплиментот, а го возбудува и масажа на грбот. Либидото им го зајакнува најскапиот зачин во светот – шафран.
Девица
Иако изгледа смирено и срамежливо, во кревет е вистински уметник. Девиците се спонтани и не сакаат изненадувања. Најдобра предигра им е заедничкото туширање. Иницијативата најчесто му ја препуштаат на партнерот и ги прифаќаат подредените положби. Стомакот и препоните им се најсилна ерогена зона, а најдобар афродизијак им е лукот.
Вага
Вагите уживаат во заведување многу повеќе отколку во самиот секс. Затоа што предиграта им е важна, не сакаат секс на брзина. Имаат големи побарувања и тешко е да ги задоволите. Исто како и Лавовите, и Вагите бираат само атрактивни партнери. Желбата за секс лесно им ја будат пријатни мириси. Една коцка чоколадо им е сосема доволна за да станат огнени во креветот.
Скорпија
Скорпиите сакаат да истражуваат и да експериментираат. Уживаат во секси приказните и сакаат да опишуваат што ги возбудува. Важно им е партнерот да биде без предрасуди и да биде во добра форма. Сакаат малку погруб секс од вообичаено. Сакаат и секс на јавно место, посебно ако е ризичен.Тартуфите се нивен афродизијак.
Стрелец
Стрелците го разбираат сексот како вид забава, а во заведувањето уживаат до крај. Сакаат партнерот пред сексот да им каже што да прават, а сексот на отворено им претставува посебно задоволство. Најважно им е тие да бидат задоволни, па може да се наречат себични. Вешти се во еротските масажи и сакаат да користат сексуални помагала. Биберот им е најсилен афродизијак.
Јарец
Јарецот е многу страствен, иако е тешко за верување, но откако ќе легнете во кревет со него сигурно ќе се уверите. Сака да ја преземе контролата и да го одреди ритамот, а го возбудува врзувањето. Не е претерано креативен, но затоа е незаситен и издржлив. Униформите му се фетиш, а го возбудуваат допирите по стомак и колена. Ванилата е негов афродизијак.
Водолија
Водолиите се оригинални во сексот и сакаат да експериментираат. Не сакаат долга предигра, а контактот со очи им е задолжителен. Водолиите сакаат да ги гледаат другите за време на секс, но сакаат и да бидат гледани или снимани. Подготвени се на се и сешто, но не сакаат кога партнерот ги гледа како предмет. Авокадото им е тајната состојка која им ги буди сексуалните фантазии.
Риби
Рибите пред се сакаат да го задоволат партнерот. Сакаат долго да се бакнуваат пред сексот. Само нежноста може да ја разбуди нивната страст. Сакаат да се подредени во сексот и прифаќаат се што партнерот ќе им предложи. За нив посебно стимулативна е романтичната атмосфера со свеќи и тивка музика. Нормално, виното е нивниот најголем афродизијак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.