Во минатогодишниот царски декрет за амнестија на нелегални имигранти, претседателот Барак Обама создаде борбена група за Нови Американци во Белата куќа, чија цел е да го вивне до небо бројот на имигранти кои ќе бидат натурализрани и ќе добијат американско државјанство, пишува Вестерн џурнализам.
Таа борбена група, според овој американски медиум, работи рамо до рамо со „Мигрејшн полиси институт“, кој е финансиран од Џорџ Сорос и се залага за отварање на границите, како и со мексиканската расистичка група „Ла раса“ која не ја крие својата наклонетост кон расизмот и повика на масовно убивање на бели Американци и враќање на западноамериканските држави на Мексико.
Предводник на борбената група е извесна Сесилија Мунос, советник за внатрешни работи на Обама, која беше и заменик претседател на „Ла раса“ – организација која, патем, добива милиони државни пари.
– Иако владата на Обама тврдеше дека немаат доволно пари да ги депортираат нелегалните имигранти, сепак, некако пронајдоа доволно пари за да ја финансираат маркетинг кампањата чија цел се конкретни градови во конкретни „неопределени држави“ за да ги кренат стапките на натурализација и доделување државјанство на имигранти. Не може, а да не се забележи моментот кога овој акциски план на борбената група се воведува, непосредно пред изборите во 2016 година кога се обидуваат да соберат што е можно повеќе гласови, а мнозинството од нив несомнено би гласале за кој било кандидат на демократите, , пишува Вестерн џурнализам.
Според „Дејли колар“, ова не е ништо ново и е слично на проект од 1995 година на тогашниот претседател Клинтон. Тој проект се викаше „Ситизеншип Ју-Ес-Еј“, а го водеше тогашниот директор за специјални проекти на Белата куќа, Рам Емануел.
Според Емануел, целта на тој проект била „да направи еден милион нови граѓани пред денот на изборите“ преку олеснување на правилата, регулативите и надоместот кој треба да се плати за натурализација и добивање државјанство.
Иако Генералниот инспекторат остро го осуди проектот во својот извештај, сепак ништо посебно не беше направено околу тоа, а доказите за изборни измами во изборите во 1996 година и во 2000 година беа прикриени и игнорирани.
Сега историјата се повторува – тимот на Обама пробува да ја преплави земјата со нови гласачи за Демократската партија за да им парираат на гласачите за конзервативците со нови гласови од натурализираните имигранти.
Целта на прогресивците е да создадат што е можно повеќе нови гласачи за нивната партија – нови гласачи кои ќе зависат од Демократската партија кој им помогнала да останат во земјата и да ги црпат придобивките наместо да бидат депортирани.
Овие луѓе се криминалци активно работат да ја ослабнат и да ја уништат земјата на секој можен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.