Во првиот момент многу сте му се допаднале
Во моментот кога ве повикал, мислел дека долгорочно ќе му се допаѓате, но првиот момент често знае да биде лажлив. Секој има право да се предомисли, но ова е една од причините поради која повторно нема да излезете.
Постои само физичка привлечност
Се прашувате, што има лошо во тоа. На мажите им е физичката привлечност сосема доволна, но ако барате нешто повеќе, сепак ќе мора да се случи некоја магија.
Беше премногу едноставно
Мажите се ловци, а ако до состанокот со вас дојдат на едноставен начин, знаат да изгубат интерес. Не станува збор за секој маж, но секогаш постои можност да не ве повика повторно на следен состанок, затоа што било многу едноставно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.