Миленикот на „Комити“ црногорскиот ракометен тренер Веселин Вујовиќ кој изминатава сезона со огромен успех седеше на клупата на ППД Загреб ќе остане на клупата на клубот кој ги изненади сите во Европа и стигна до четврфиналето во Лигата на шампионите.
Тој изјави за хртватските медиуми дека добил добра понуда за продолжување на неговата кариера, но сака да остане во клубот и да разреши некои дилеми. Дали неговиот тим Загреб може да продолжи во континутет со добрите игри како против ПСЖ и Кил во ЛШ или пак реалната слика е катастрофалниот пораз од Барселона во четвртфиналето.
– Лесно се договоривме со управата соработката да трае се додека има взаемен интерес. Доколку следната година имаме добри резултати тогаш останувам во Загреб, а во спротивно ќе има разделба. Сакам да видам дали беа реални оние наши добри изданија против Кил и ПСЖ, или пак реална е сликата од поразот во Барселона – изјави Веселин Вујовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент