Ударното напаѓачко трио на Барселона, Меси-Нејмар-Суарез, синоќа на натпреварот од Примера дивизија против Гетафе постигна пет гола од шесте погодоци. Со тоа дојде до бројката од 102 гола оваа сезона, Меси досега има постигнато 49, Нејмар 32, а Суарез 21 гол. Тројцата фантастични фудбалери веќе го соборија клупскиот рекорд, но имаат реални шанси до крајот на сезоната да ги достигнат „кралевите“, Роналдо-Бензема-Игуаин, кои во сезоната 2011/2012 реализираа неверојатни 118 гола. Таа сезона беше најуспешна за Реал Мадрид и за Кристијано Роналдо, кој постигна 60 гола, Бензема беше стрелец на 32, а Угуаин 26. Таа сезона Реал стигна до титулата во Шпанија под водство на Жозе Мурињо со преку 100 освоени бода.
Избраниците на Луис Енрике заостануваат 16 гола, но до крајот треба да одиграат уште најмалку две средби во ЛШ во полуфиналето против Баерн Минхен, го играат финалето на Купот на Шпанија против Атлетик Билбао, а имаат уште четири средби во домашното првенство, против Кордоба, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Ла Коруња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.