Девојчињата што нигериската армија синоќа ги спаси од рацете на терористичката група Боко харам не се истите што минатиот април беа киднапирани од спалните соби во нивното училиште во местото Чибок, соопшти портпаролот на нигерискаата армија, полковник Сани Усман.
Во воената операција на освојување на шумата Самбиса, што беше под контрола на Боко харам, спасени се 200 девојчиња и 93 жени, кои терористите ги држеле заробени, објавлено е денеска, но во првиот момент не се знаеше дали меѓу нив се и ученичките киднапирани пред една година во Чибок, пренесува Фена.
Во текот на акцијата во шумата Самбиса уништени се и три кампа на Боко Харам, соопшти нигериската војска. Од 2009 година во бунтот на Боко Харам се убиени најмалку 15.000 лица, главно на северот од Нигерија, додека 1,5 милион лица мораа да ги напуштат своите домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст