| четврток, 6 декември 2018 |

Дозволивме да станеме заложници на манипулант, лажго и криминалец

milenko jadi burek 2topЛут сум на себе и на македонскиот народ што дозволивме да станеме заложници на еден манипулант, лажго и криминалец. Човекот кој функционирал во една мала средина со оговарање, местенки, па тоа му прошло до одредено ниво, практично стана нешто со кое сите се преокупиравме, истакна новинарот Миленко Неделковски.

-Наместо да сме преокупирани со работи битни за нас, за секој граѓанин, дали е тоа автопат, вработување, луна-парк, да се преокупираме со археолошко истражување со, успеси на спортисти и музичари, да аплаудираме на ансамблот на МНТ…ние станавме заложници на еден примитивец, лажго и криминалец со богато досие. Мислам дека вината не е кај него, туку кај нас што ние се доведовме во ситуација да го третираме што кажал. Во основа се што кажува е лага и манипулација. Ниту една теза не му држи повеќе од 13 минути. Станавме заложници на човек кој не може да пројде никаде, но ете така претпоставувам, дали тој има талент, дали СОРОС-овата пропагандна машинерија има таква моќ, да ни го наметне тоа, тој провинцијализам, таа примитивност кај него, да ни наметне нешто за што ние треба да разговараме- додаде Неделковски, кој смета дека за да се излезе од таа стапица, мора да има судска разврска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top