Тие што го смислиле сценариото со преслушувањето и што го издресирале Зоран Заев имале план Б, а тоа е дека секој момент можат да го пуштат низ вода и сега токму тоа и го прават, смета Миленко Неделковски.
-Тие што го смислувале сето ова и го издресирале Заев, го гледате каков е на прес-конференциите се смешка трепка со очи како невино детенце, а е криминалец со осум милиони евра од „Глобал“, тие имале план Б дека во секој момент може да го пуштат низ вода и сега тоа и го прават. Судскиот процес, кој треба да почне, сметам дека брзо ќе заврши, имаме некој што веќе ја призна вината и апсолутно сè ќе излезе на виделина- рече Неделковски во емисијата „Јади бурек“. Тој се согласува со ставот на Драган Павловиќ- Латас дека преносите од судењето треба да бидат јавни за да можат да слушнат граѓаните кој што направил.
-Законски обвинителството може да побара од судот судењето да биде јавно, а судот тоа да им го понуди на оштетените и ако тие прифатат судењето може да биде јавно- посочи Неделковски, кој додаде дека важно е и отвореното прашање што ќе биде со соучесниците на Зоран Заев.
-Зоран Заев во објавувањето на незаконски снимените материјали има сооучесници, Тито Петковски тврди дека има уште многу разговори што тој ги чул, значи тој е соучесник и се надевам дека Обвинителството ќе ги процесуира и сите соучесници. Јас милам дека ќе заминеме на одмор со кажана пресуда за Заев – рече Неделковски.
Во оваа држава, рече тој, сите граѓани се еднакви и за сите треба да важат законите, дека треба да важи законот за почитување на Уставот и на волјата на народот.
-Тоа значи дека ако Зоран Заев ја прекршува одредбата за бранење од слобода, тој треба веднаш да оди во притвор. За да се браниш од слобода има три услови, да не бегаш односно опасност од бегство, неможе да бега бидејќи му е земен пасошот, повторување на делото и влијаење врз сведоци, а тој го прави тоа секој ден – истакна новинарот Неделковски, според кој Зоран Заев ги прекршил правилата да се брани од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.