Загадувањето на воздухот во Европа предизвикува голем број болести и е причина за илјадници смртни случаи, а владите на континентот ги чини 1,6 билиони долари годишно, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Загадениот воздух, според СЗО, претставува најголемата економска штета за земјите од Источна Европа.
Во Грузија трошоците поврзани со смртни случаи од загадување на воздухот достигнаа 35 отсто о БДП, ставајќи ја земјата на прво место според тој показатал.
Загадувањето предизвикува трошоци од една третина до една четвртина за земји како Србија, Бугарија, Украина и Киргистан.
– Во 2010 година 600 илјади лица во 53 европски земји починале како последица на фините честички, кои ги емитуваат превозните средства и индустриските објекти, како и од горивата за затоплување на домовите- нагласи СЗО.
Загадувањето на воздухот предизвикува срцеви и белодробни заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.