| четврток, 6 декември 2018 |

Чибишев: Пред да се озакони употребата на марихуаната во медицината треба јавна дебата

мари

Невладини организации и здруженија на граѓани со иницијативи на социјалните мрежи, делење флаери и одржување семинари бараат лековитите својства на канабисот да бидат користени за лекување на тешки заболувања. Се погласни се кампањите за легализација на марихуаната за медицински цели и во Македонија. Но, од друга страна експертите сметаат дека сеуште нема цврсти научни докази за тоа.

-Се уште тоа е во експериментална фаза на животни, изјави д-р Андон Чибишев, токсиколог.

Од политичките партии во земјава јавно својот став за легализација на канабисот во медицински цели неодамна преку соопштение го кажаа од Либерално-демократската младина. Тие ја подржуваат оваа идеја.

-Економските, медицинските и социјалните импликации на употребата на канабисот во медицински цели е лесно воочливи од досегашните примери, како во Европа, така и во светот, а се почесто сме сведоци и на вакви иницијативи кои доаѓаат од републиките кои се наоѓаат на балканскиот полуостров“, се наведува во соопштението на партијата.

Токсикологот Чибишев смета дека пред да се озакони употребата на марихуаната во медицината неопходни се бројни јавни дебати на оваа тема.

– Во дебатите треба да бидат вклучени експерти од повеќе области, изјави д-р Андон Чибишев, токсиколог.

Неодамна Албанскиот парламент ја отфрли иницијативата за легализација на марихуаната за медициски цели. Слични дебати се водат и во Србија и Хрватска. А Словенија и Чешка,Словачка се дел од европските земји каде законски е дозволено користење на канабисот во медицината, истото е легално и во 30 држави  во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top