Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски на денешната средба со делегацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа разговарал за актуелната политичка состојба и случувања во Република Македонија.
Во состав на делегацијата се претседателот на Мониторинг комисијата, Стефан Шенах, известителот на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, Роберт Валтер и претседателот на Групата на социјалисти на ПС, Андреас Грос.
Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, соговорниците размениле мислења за бојкотот на опозицијата на работата на Собранието како институција која има пресудно значење во градењето на демократијата и функционирањето на едно општество.
Членовите на делегацијата искажале посебен интерес во однос на правната регулатива во Република Македонија која се однесува на учеството на пратениците во работата на Собранието и прашањето за одземање на пратеничките мандати.
Вељаноски посочил дека како правник секогаш се залага за строго почитување на правните прописи во државата, меѓутоа како претседател на македонскиот Парламент остава простор за развој на политичкиот дијалог.
На средбата претседателот на македонското Собрание искажал благодарност до ПС на СЕ за принципиелниот став за осуда на бојкотот на Парламентот како чекор кој опозицијата го превзема во нејзиното политичко дејствување.
Членовите на Делегацијата изразиле надеж дека мостовите помеѓу различните етнички заедници се стабилни и се надеваат на позитивна разрешница на моменталната политичка состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст