| четврток, 6 декември 2018 |

Мектиќ: БиХ има проблем со тероризмот

b

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека земјата дефинитивно има проблем со тероризмот на кој мора „да се удри“.

– Имаме одредени екстремни радикали, насилна идеологија, на одреден начин присутна е терористичка идеологија, како и одреден број на организации кои ја заговараат. Имаме поединци кои врбуваат, наговараат и финансираат такви случувања – посочи Мектиќ.

Тој посочи дека Советот на министри го анализира вчерашниот напад врз полициската станица во Зворник. Мектиќ додаде дека извршителот на терористичкиот чин не е евидентиран во базите на безбедносните агенции и оти сега се утврдуваат мотивите за злосторството.

Мектиќ потенцира дека напаѓаќот најверојатно бил мотивиран од радикална идеологија.

Во вчерашниот инцидент во полициската станица во Зворник еден полицаец загина, а двајца се повредени. Напаѓачот извикал „Алах е голем“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top