Индустриското производство во првите три месеци од годинава бележи раст од 1,5 отсто во однос на првиот квартал лани, а само во март растот е 0,6 отсто во однос на март лани, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи опаѓање од 7,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15,1 процент.
Според главните индустриски групи, производството во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 6,3 отсто, Капитални производи за 26,9 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 31,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.