| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфите“ спречија обид за самоубиство на млада девојка

Вчеравечер околу 23 часот на бул. „Видое Смилески Бато“ во скопско Ново Лисиче, по претходна пријава дека непознато женско лице се обидувало да изврши самоубиство со скокање од балкон од зграда, припадници на специјалната единиц „Алфи“ насилно влегле во станот. Вознемирената 24-годишна жена од Струмица ја пронашле на балконот и била спречена во намерата да изврши самоубиство, соопшти МВР.

По извршениот разговор, утврдено е дека таа неколку месеци живеела со М.А.(31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања и истиот ден околу 18 часот тој излегол од станот и ја заклучил, по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.

Од страна на полициски службеници М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top