На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија од бебе опкружено со оружје и бомби, на која наводно се наоѓа и првиот извод од матичната книга на родените во Исламската држава.
Автентичноста на фотографијата од бебето со првиот извод од ИД се уште не е потврдена, јавува „Раша тудеј“.
– На тој начин сакаат дапокажат дека имаат целосна контрола над поединци и дека спроведуваат индоктирнација над нив од најмала возраст – изјавил за „Индипендент“ членот на фондацијата „Килијам“ во Лондон, Чарли Купер.
Децата кои живеат во областите со кои управува ИС често се користат во пропагандни цели. На интернет, се почесто може да се најдат фотографии од деца облечени во воени униформи сопиштоли во рака.
Припадниците на ИС регрутираат младинци и им го „перат“ мозокот за да им се придружат во борби,порачуваат од УНИЦЕФ и додаваат дека џихадистите се обидуваат да „одгледаат нова генерација на своите следбеници“ меѓу младите Сиријци и Ирачани.
Малолетниците ги учат како да убиваат затвореници, ги снимаат и тие видео-снимки ги поставуваат на интернет за да ги заплашат затворениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.