Еврогрупата се противи на директно учество на Русија во програмата за финансиска стабилизација на Кипар, соопшти министерот за финансии на Малта, Едвард Шиклун.
Според неговите зборови, се чини дека Еврогрупата не сака да ги изнесува проблемите од својата куќа и сака да ги реши во „домашна затворена атмосфера“, пренесе „Руска реч“.
Еврогрупата ќе ги собере министрите за финансии од еврозоната на едно место со цел да се најде начин да се надмине моментната банкарска криза во еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.