Силен земјотрес го погоди денеска далечниот исток на Русија и полуостровот на Камчатка, соопшти Американскиот геолошки завод.
Силата на земјотресот во епицентарот била 6,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 9,7 километри, 269 километри од градот Озерновски на крајот на југот на Камчатка.
Засега нема податоци за евентуалната штета или настрадани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.