Семејствата на најмалку 90 жртви во сообраќајни несреќи предизвикани од сериски дефект на контакт бравата во автомобилите на „Џенерал Моторс“ ЏМ ќе добијат отштета, пренесува агенцијата Анадолија.
Адвокатот Кенет Феинберг, ангажиран од компанијата за утврдување на висината на паричниот надомест за секое семејство одделно, синоќа изјави дека ќе бидат исплатени средства на 90 семејства на жртви. Компанијата, исто така, ќе исплати отштета и за 163 повредени.
ЏМ се уште не открива за колкав паричен надомест станува збор.
Семејствата беа повикани до крајот на јануари годинава да предадат барања за отштета. Доставени се 4.342 барања, од кои околу 23 процени се уште се разгледуваат.
Проблемот со контакт бравите на возилата на ЏМ предизвикува неочекувано менување на позицијата на клучот од „вклучено“, на „исклучено“, што предизвикува запирање на автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.