| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа „Деновите на младата македонска поезија“ во Софија

Со изложба на книги и со трибина на која учествуваа млади белетристи од двете земји, издавачи и преведувачи започнаа “Деновите на младата македонска проза” во Софија. На трибината која ја отворија Нове Цветаноски од име на книгоиздателството “Македоника литера” и Васко Шутаров од име на домаќинот на настанот КИЦ на Р. Македонија во Софија, се дебатираше за динамизирање на книжевната соработка меѓу двете земји, стимулирање на преведувањето и мерките кои нашето Министерство за култура ги превзема на тој план. На трибината учествуваа младите македонски автори Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Верче Карафилоска, Михајло Свидерски, Живко Гроздановски, Давор Стојановски и Петар Андоновски.
20150427_185742
На покана на книгоиздателството на Софискиот Универзитет, младите македонски писатели учествуваа истата вечер на поетско читање на кое беа претставени млади бугарски поети, а свое претставување имаше Јулијана Величковска.
Во рамките на манифестацијата, која се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, во наредните два дена ,меѓу другото, ќе бидат остварени и посети на асоцијации, издавачи и други институции.
За вторник вечер е предвидена програма на која младите македонски автори ќе бидат претставени пред софиската публика и ќе бидат читани фрагменти од нивното творештво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top