Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје извршила увид на девет сообраќајни незгоди.
Седум сообраќајки се со материјална штета, а во пет со телесна повреда се здобиле еден сопатник и еден пешак.
– Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 пешаци, кои не поминале на обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 22 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, информира СВР Скопје.
Со помош „пајак“ во текот сообраќајната полиција отстранила 52 возила, кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни активности во ОУ „Дитуриа“ кое се наоѓа на територијата на општина Сарај со учениците од четврто одделение.
На Националната арена „Филип Втори Македонски“ во 16 часот ќе се одигра натпревар меѓу Вардар и Работнички. Со цел безбедно и непречено одвивање на натпреварот сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст