| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија под влијание на циклон – се очекуваат поројни дождови, грмежи и град

Upload_Vesti_dozd-630x404_20138289349

Денеска времето ќе биде под диктат на циклонон чиј центар се наоѓа западно од Балканскиот полуостров. Според Метеопро може да се очекува локално поинтензивен развој на нестабилна облачност која ќе резултира со пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Се очекува атмосферските процеси да бидат позначителни во југоисточниот крај, особено во повисоките места, каде не е исклучена можноста за појава на град. Врнежите низ земјава ќе бидат позастапени во втората половина од денот и во дел од вечерните часови.

Максималната дневната температура ќе има вредност околу 21°С низ котлините во земјава. Повторно потопло време очекуваме во повардарскиот регион, со максималната температура од 23°С до 26°С.

Во Скопје се очекува променливо време со сончеви периоди претпладне. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе биде од нестабилен карактер. Ќе има појава на повремен дожд, со услови истиот краткотрајно да има пороен карактер и да биде проследен со грмежи. Врнежи ќе има и во текот на вечерта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top