| четврток, 6 декември 2018 |

10 милиони долари американска помош за Непал

Nepal EarthquakeСАД ќе испратат 10 милиони долари помош за Непал, кој во саботата беше погоден од катастрофален земјотрес, во кој загинаа над 4.000 луѓе, соопшти денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

Кери ја објави информацијата за зголемување на американската помош на заедничка прес-конференција со јапонскиот колега Фумио Кишида во Њујорк. Тој истакна дека е премногу загрижен поради бројот на жртвите и причинетата материјална штета во хималајската држава. Кери додаде дека Вашингтон соработува со непалската Влада со цел да им се укаже помош на настраданите.

Шефот на јапонската дипломатија нагласи дека неговата земја ќе обезбеди осум милиони долари помош за Непал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top