В среда, на 29 април, во концептуалната продавница за македонски дизајн „Лотус дизајн стор“ (Lotus Design Store), со почеток во 19 часот, ќе се одржи дизајнерско модно шоу. Љубителите на домашниот дизајн ќе имаат можност да ги проследат перформансите на веќе реномирани македонски дизајнери, кои се дел од концептуалната продавница.
На најавеното дизајнерско шоу свое излагање со ексклузивните пролет-лето колекции ќе имаат дизајнерите Елена Спасовска, Драган Христов – „Лудус“, Марта Мирова- „4 Сезони“ и Леуарт Лека.
Драган Христов препознатлив со својот бренд „Лудус“ ќе ја претстави експерименталната колекција „Орландно“, која е резултат од истражувањето на Агендер – безродова облека. Дизајнерката Марта Мирова и нејзиниот бренд „4 Сезони” се веќе 8 месеци дел од концептуалната продавница. На дизајнерското шоу ќе ја промовира пролет-лето колекцијата „Мирис”.
– Овие мириси конвертирани во лелеави форми на неодолива женска силуета, ќе направат една жена да биде еден цвет и совршено да се вклопи со мирисот околу – вели Мирова.
На ова модно шоу ќе дебатира и дизајнерот Леуарт Лека. Неговата прва колекција го носи името „Лимитид урбан“ (Limited Urban). Младиот дизајнер ни открива дека главната идеа за колекцијата е да го доближи карактерот на урбаното преку креациите.
Со моден перформанс шоуто ќе го затвори дизајнерката Елена Спасовска, со колекцијата „Математика”. За неа креирањето на една колекција е математички процес, кој вклучува изработување пресметани точни кројки и создавање тродимензионални форми од нив.
– Мојата колекција вклучува дизајни со строги геометриски форми и линии, застапени се црната и белата боја, додека линијата, кругот и коцката го имаат главниот збор. Материјалите се природни, лесни и наменети за топли денови. Моделите се носливи и наменети за девојки со јасно изразен став во општеството – вели Спасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



