Од состанокот меѓу Коѕијас и Нимиц, очекувано, не произлегоа никакви новости, со оглед на тоа што ситуацијата во Грција и во Македонија во моментов не дозволува да се материјализираат иницијативи кои ќе создадат вистинска надеж за надминување на ќор-сокакот во кој се наоѓа прашањето за името.
Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ во краткиот коментар за средбата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, која се одржа во петокот во Њујорк.
Шефот на грчката дипломатија по минатонеделните средби со Нимиц и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, рече дека разговарале за текот на преговорите за прашањето за името, а брифирал и за разговорите во врска со мерките за градење доверба.
– Во Будимпешта, каде што бев пред две недели, разменивме листи со точки за мерките за градење доверба, и, како што видовме во изминатите десет дена, има совпаѓање во ставовите за некои точки кои би можеле да послужат како појдовна точка за дијалог – информира Коѕијас во врска со средбата со македонскиот министер за надворешни работ,и Никола Попоски, во Унгарија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



