| четврток, 6 декември 2018 |

ЗАРА ќе промовира бели кошули „Заевки“

Модни правила за успешен деловен изглед_500x333
Познатата модна куќа од Шпанија која има повеќе од 2.000 бутици низ 88 земји во Светот се подготвува за лансирање на новиот револуционерен хит – бели кошули со свиткани ракави.

„ЗАРА“ ова го прави со цел да одговори на светската хистерија по кошулите кои ги носи најпознатиот бомбаш во Европа последните неколку месеци, лидерот на опозицијата во Македонија, Зоран Заев. Неговата популарност како носач на вистината е рипната до неизмерливи граници и покрај политичкиот триумф кој ете, само што не му дошол на дневен ред, Заев е и пред триумф на полето на маркетингот.

Белите кошули „Заевки“ ќе се продаваат во колекцијата „ZAEV for ZARA“ по популарна цена од 2 евра по парче, од кои едно евро ќе оди во касата на „ЗAРА“, а едно евро ќе оди на сметка на Заев.

Од модната куќа соопштија дека се флексибилни во зависност од епилогот на случајот „Пуч“ во кој е обвинет Заев, да додадат црни риги на белите кошули.

Кошулите во продажба ќе се најдат од среда, а меѓу првите кошула нарачал грчкиот премиер Ципрас.

Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top