Претседателот Ѓорге Иванов на 9 мај во Москва ќе присуствува на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот.
Одлуката да оди во Москва, Иванов ја донел водејќи се од политика базирана на државните интереси, информираат кабинетот на шефот на државата
– Претседателот Иванов отсекогаш применувал политика на отвореност кон сите, односно одлуката да се присуствува на свеченоста во Москва на ниеден начин не е во спротивност со стратегиски приоритети кои ги има Република Македонија, членството во ЕУ и НАТО. Соработката на Република Македонија со Русија, Кина и сите други земји кои имаат интерес за соработка со Македонија, никогаш не било прашање на избор, ниту на кој било начин на сметка на стратешките цели – велат од кабинетот на Иванов.
Оттаму додаваат дека цврстата определба за ЕУ и за НАТО никогаш не била пречка за одличните билатерални односи, кои Македонија во континуитет ги унапредува со Руската Федерација, не само во мандатот на Иванов, туку отсекогаш. Посочуваат и дека се несериозни шпекулациите оти со одење, односно неодење во Москва, Македонија прави избор.
Во Москва е најавено присуство на повеќе лидери од регионот, Европа и светот, меѓу кои и членки на ЕУ и НАТО. Присуството на 70-годишнината од победата над фашизмот, го потврдија и српскиот претседател Томислав Николиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како дел од македонската делегација, во Москва се поканети да присуствуваат и претставници од Сојузот на борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



